Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.05/2024 за долгови доспеани до 31.01.2024 и неплатени до 30.04.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.05/2024 објавени се 1918 должници – правни лица (повеќе за 87 од претходната листа) и 3790 физички лица (повеќе за 111 од претходната листа).

