26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИV10 - новиот смартфон на компанијата LG

V10 – новиот смартфон на компанијата LG

v10 00

Јужнокорејскиот производител на паметни телефони „LG“ го претстави најновиот паметен телефон – моделот „V10“.

Уредот е со 5.7-инчен дисплеј кој има втор независен екран, на кој може да биде прикажано времето, часот, датумот и иконите, кога главниот екран е исклучен. Кога главниот екран е вклучен, вториот може да се користи за вашите омилени апликации, или брз пристап до некои од нив.

v10 01

Куќиштето на смартфонот е од метал. Новиот уред беше прикажан само неколку дена откако од „Google“ ги претставија новите уреди „Nexus“ наменети да се натпреваруваат со популарните „iPhone 6S“ и „6S Plus“.

Смартфонот „V10“ е со двојна предна камера од 5 мегапиксели, како и 16-мегапикселна главна задна камера. Благодарение на двете предни камери и алгоритамот за местење на слики, уредот може да снима „селфи“ фотографии со агол на гледање до 120 степени.

v10 02

„Моделот „LG V10“ е создаден за да служи главно како мултимедијален паметен телефон“, коментира извршениот директор на „LG Electronics Mobile Communications“.

Другите технички параметри на смартфонот вклучуваат 4 GB RAM меморија, 64 GB внатрешна меморија и батерија со капацитет од 3.000 mAh. Оперативниот систем ќе биде „Android 5.1.1 Lollipop“, откако ќе биде претставен во октомври во Кореја, потоа и во САД, Кина и другите азиски пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП