8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромоција на компјутерска игра за одгледување јаболка

Промоција на компјутерска игра за одгледување јаболка

jabolkober 0023

Во рамките на годинешниот Преспански јаболкобер, денеска во Ресен ќе биде промовирана работна верзија на компјутерска игра, базирана на платформата на Фејсбук, наменета за промовирање на современи методи на одгледување јаболка

Според идеја од Проектот за заштита на Преспанското Езеро на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), финансиран од амбасадата на Швајцарија, македонските агрономи и стручњаците од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје, заедно со група фармери ентузијасти од Преспа, развиваат компјутерска игра низ која ќе можат да се совладаат начините на правилно одгледување овошје, на примерот на одгледување јаболка во Преспа.

Географските и климатските карактеристики на Преспа се вградени во основата на играта, која наскоро ќе може да се игра во целиот свет.

Денеска десет млади преспанци на плоштадот во Ресен во живо ќе се натпреваруваат во играта, овозможувајќи им така можност на експертите да го проценат досегашниот стадиум на развој на играта и евентуалните можности за нејзино унапредување.

Играта пред ресенчани и нивните гости на Јаболкоберот ќе ја промовираат Високиот претставник на Обединетите Нации, Луиза Винтон, деканот на ФИНКИ д-р Иван Чорбев, и нивниот домаќин, градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП