26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој ќе има поголема штета - Србија или Хрватска?

Кој ќе има поголема штета – Србија или Хрватска?

5155861505603a2fc03fab221281644_w640

Затворањето на премините од двете страни на границата меѓу Србија и Хрватска подеднакво ги погодува и српските и хрватските стопанственици.

Најмалку 150 компании од Хрватска својата роба ја продаваат на српскиот пазар, а исто толку српски компании извезуваат во Хрватска.

Меѓу нив има и повеќе од 20 компании кои работат во Србија, а чии сопственици се најпознатите хрватски бизнисмени. Секој ден блокадата на границата и на едната и на другата страна создава загуба од околу, според груба проценка, најмалку милион евра, пишува „Вечерни новости“.

Во незавидна положба, меѓу останатите се и „Дијамант“, „Нексе Бетон“ и „Атлантик Груп“, чии сопственици се Хрвати, а работат во Србија. Фабриката за масло во Зрењанин, во сопственост на „Агрокор“ на Ивица Тодориќ е втората компанија на списокот со најголеми извозници во Хрватска.

„Нексе бетон“ на Иван Ерговиќ е осма на списокот со компании кои увезуваат најмногу стока.

„Трпиме голема и ненадоместлива штета поради проблемите со затворените гранични премини со Република Србија“, вели Ерговиќ од „Нексе груп“.

„Поради тоа веќе се консултиравме со надлежните во Хрватска со апел за итно решавање на овој проблем. Освен значителната финансиска штета поради загубата на приходите и зголемените трошоци, тука е и ризикот поради неможноста за исполнување на договорените рокови за испорака, но и обезбедувањето на потребните репроматеријали и сировини за редовно работење на нашите фабрики во Србија и Хрватска“. Во овој момент, испораката за сите стоки е отежната, односно оневозможена“, вели тој.

Меѓу првите 15 увозници е и „Атлантик груп“ на Емил Тедески. Тој во Србија продава „Цедевита“, „Аргета“, „Кокта“… затоа и не чуди апелот на бизнисмените да се овозможи протокот на стока. Само познатиот „Краш“ годишно на српскиот пазар пласира 2.000 тони слатки.

Загубите полека ги пресметуват и српските компании кои се ориентирани на хрватскиот пазар. Таква е и ситуацијата во „Викторија оил“, која е прва на листата со извозници.

„Затворањето на границите ни претставува проблем, поради комплицирањето на испораките на нашите производители и купувачи во Европа. На хрватскиот пазар сме активни и како купувачи и како продавачи, па тоа создава дополнителни проблеми, но тешко е во овој момент да се процени материјалната штета“, објаснува Никола Вујачиќ, директор на „Викторија груп“.

Предраг Бјелиќ, професор на Економскиот факултет во Белград, смета дека Србија би требало да се жали кај органите на ЕУ кои мораат да извршат притисок врз нивната членка да ги почитува надворешно-трговските договори. Доколку ЕУ тоа не го направи, Србија може да преземе контрамерки кои можат да значат ограничена примена на SSP, или во крајна линија, негова суспензија или раскинување.

Србија е во зоната за слободна трговија со ЕУ, има потпишан SSP кој е важечки и обезбедува слободно движење на стоката и услугите меѓу потписниците. Границата на Србија и Хрватска е и граница со ЕУ. Во случај на меѓународна трговија, Србија мора да се пожали на органите во ЕУ, а не во Хрватска, бидејќи граничните царински контроли на територија на ЕУ се под контрола на интитуциите во ЕУ во Брисел како дел од заедничката надворешно-трговска политика на Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП