26 април, 2024
ПочетнаКОЛУМНИTip of the Week: Тимски успех!

Tip of the Week: Тимски успех!

Untitled-1

Овој неделен совет е бр. 300!

Тоа значи дека 300 недели (четвртоци) по ред пишуваме и споделуваме со вас идеи, мислења, сознанија и искуства. 300 недели по ред не сме пропуштиле да објавиме текст, без оглед дали е празник, делник, слава, Нова година, Бајрам или Велигден. Секој четврток од 2010 година, колку и да сме биле мрзеливи, не сме имале идеја, не сме имале време, можност или слично, ние сме издржале и не сме потклекнале и не сме пропуштиле ниеден четврток.

Започнавме со текстови што се испраќаа до мала база читатели. Денес Tip of the Week, неделните совети, стигнуваат до повеќе од 30.000 читатели во Македонија (и пошироко) и веќе прераснува во концепт кој нуди една поразлична перспектива и содржина, креирана од повеќе различни автори, вработени во фирмата или надворешни соработници.    

Најголемиот фактор за досегашниот успех е професионалноста и посветеноста на целиот тим на Македонија-Експорт. Сите ние се гледаме како дел од една целина и секој од нас со својот дух, енергија и знаење допринесува во остварување на единствената заедничка цел. Затоа и во иднина постојано ќе работиме на јакнење на целиот тим и посветено ќе работиме кон извршување на работите на најпрофесионално ниво. Само доколку сите ние, како тим, успееме да го задржиме тоа ниво на мотивација и професионалност, веруваме дека иднината на нашата, но и на која било друга компанија ќе биде позитивна.

Ви благодариме и на сите што сте со нас и што нè поддржувате во нашиот пат. Сите ваши коментари, критики и пофалби, секогаш ни се добредојдени и нè стимулираат да издржиме понатаму и да останеме доследни на нашите планови.

Со успех во промените,

 

ТИМ

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП