8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреспанскиот јаболкобер ќе се одржи на 27-ми септември

Преспанскиот јаболкобер ќе се одржи на 27-ми септември

jabolko ber 33

Општина Ресен и оваа година ќе биде домаќин на манифестацијата Преспански Јаболкобер 2015.

Манифестацијата оваа година ќе биде оддржана на 25-ти, 26-ти и 27-ми септември.

Во петок на 25-ти септември манифестацијата започнува со детски базар и младински ракометен турнир во ресенската спортска сала.

Во сабота предвидено е одржување фудбалски турнир на 26-ти септември. Истиот ден за во 17 часот во Домот на Културата е закажана изложба на ресенската керамичка колонија, додека пак вечерта со почеток во 21 часот ќе се одржи фолк вечер, каде се очекува да настапат Сузана Спасовска, Благица Павловска, Наум Петревски, како и други фолк ѕвезди од македонската естрада.

За 27-ми септември е најавена саемска промоција на земјоделски производи и машини на градскиот плоштад, по што во насадите на Свислион Аграр ќе биде откинато првото јаболко.

Вечерта е предвидена за хепенинг на градскиот плоштад, каде што се очекува настап на познати пејачи, меѓу кои Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Влатко Лозановски и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП