26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Новата влада да ги исправи грешките и слабостите

Ципрас: Новата влада да ги исправи грешките и слабостите

cipras-pobeda

Новата грчка влада мора да ги исправи грешките и слабостите кои ги покажа во последните седум месеци за време на коалиционата влада, изјави во понеделникот лидерот на Сириза, Алексис Ципас на партиски состанок.

„Гласачите ни дадоа јасен мандат да продолжиме обединети со цел длабоки промени и реформи, како и со извлекувањето на земјата од криза“, рече Ципрас, пренесе агенцијата АНА.

Прва цел е целосно воспоставување на стабилна економија и оперативност на банките“, рече Ципрас.

Како што се очекува, Ципрас вечер треба да положи заклетва како старо-нов премиер, додека составот на новата влада ќе биде објавен во вторник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП