6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар договори пакет за спасување

Кипар договори пакет за спасување

kipar-paket

Кипар на драматичната средба со министрите за финансии од еврозоната, договорија во текот на ноќта спасувачки пакет, кој ќе се спречи колапс на државата и излез од еврозоната.

Договорот за помош од 10 милијарди евра е договорен во Брисел со претставници на меѓународната кредиторска “тројка” – ЕУ, ММФ и Европската централна банка.

Кипар нема да ги оданочува банкарските депозити кои се помали од 100.000 евра, но големите штедачи ќе бидат жртви на висок еднократок данок. Се оценува дека овие мерки дополнително ќе ја продлабочат кризата и ќе ја зголемат невработеноста.

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис, кој учествуваше на преговорите во Брисел кои траеја речиси 12 часа, изјави дека е “задоволен” од исходот од состанокот.

Контроверзната одлука да се направи еднократно оданочување на банкарските депозити во Кипарските банки поголеми од 100.000 евра, ќе донесе околу 4,2 милијарди евра, додека остатокот од парите потребни за исполнување на условите за помош треба да се направи со намалување на банкарскиот сектор, структурни реформи и приватизацијата на државниот имот.

Втората по големина банка во земјата “Laiki Bank” ќе биде практично згасната, ќе биде поделена на “добра” и “лоша” банка, и таа со здрави побарувања ќе се спои со “Bank of Cyprus”.

За време на драматичната седница на Министерскиот совет која заврши малку по два по полноќ, Анастасијадис, според извештаите од неколку агенции, во неколку наврати се закани дека подобро би поднел оставка отколку да се согласи со мерки кои ќе го загрозат статусот на Кипар, како даночниот рај и оф-шор зоните кои ги користат главно руските клиенти .

Како што наведува “Гардијан”, мерките ќе спречат “даночниот рај” да стане првата земја што ќе биде исфрлена од еврозоната, но тоа ќе предизвика тешки загуби на најголемите клиенти на банките, односно дека руските бизнисмени ќе изгубат милијарди евра.

Се проценува дека во Кипар има околу 20 милијарди евра руски пари, од кои околу една четвртина ќе бидат одземени со примената на новиот пакет.

Инаку, Русија претходно ги отфрли повиците од страна на властите во Кипар да интервенира и да и помогне финансиски на земјата, и од таа причина Кипар на крајот мораше да се согласи со предлозите на “тројката”, која поставила цврст ултиматум и рок до понеделник.

“Ќе биде многу тешко за земјата, но Европската комисија ќе направи се што е можно за да се ублажат последиците што од овој план ќе ги имаат граѓаните”, изјави комесарот на ЕУ за економски и финансиски прашања, Оли Рен.

Кипарскиот парламент минатата недела го отфрли претходниот договор со ЕУ и ММФ, со кој се предвидуваше сите депозити во кипарските банки подеднакво да се оданочат.

Банките во Кипар беа затворени минатата недела, а исто така беше ограничено и повлекувањето на средства од банкоматите до 100 евра на ден, по паниката предизвикана од најавите дека Владата, по барање на тројката кредитори да се земаат пари од сметките на сите депоненти, вклучувајќи ги и оние со под 100.000 евра во предвид.

Засега, сеуште е непознато кога банките а ќе почнат со работа, и кипарскиот парламент допрва треба да го прифати новиот пакет.

Кипарските банки се најдоа во многу неповолна ситуација, бидејќи голем дел од средствата ги вложиле во купување на грчките обврзници, кои се покажаа како безвредни.

Европската централна банка превзема обврска да покрие 10 милијарди евра настанатиот долг, додека околу 6 милијарди ќе биде собрано со реструктуирање на кипарските банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП