4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолку чини изработката на новиот iPhone 6S?

Колку чини изработката на новиот iPhone 6S?

cena iphone 00

Традиционално по излегувањето на секој нов модел „iPhone“ се погледнува кон тоа колку чини изработката за „Apple“ врз основа на неговите вградени делови. Сега тоа ќе го направиме во врска со новиот „iPhone 6S“.

Се разбира, треба да се има предвид дека, освен трошоците за делови за секој паметен телефон, „Apple“ има и многу други трошоци, како маркетинг и рекламирање, како и дистрибуцијата, кои заземаат значаен дел од цените.

Значи дека не сè што останува надвор од материјалните трошоци за производство на паметни телефони, е добивка за компанијата.

cena iphone 01

Според експертите од „Bank of America Merrill Lynch“, материјалните трошоци за производство на еден смартфон „iPhone 6S“ изнесуваат вкупно 234 долари. Најголем трошок во смартфонот е неговиот процесор, кој чини 127 долари. Другите основни компоненти како екранот, камерата и батеријата заедно ја чинат компанијата 73 долари. Сите останати компоненти на уредот, меѓу кои и куќиштето на смартфонот се со цена од уште 33 долари.

Значи вкупната потрошувачката изнесува 234 долари. А сепак, од „Apple“ не може да се пожалат на недостиг на профит, со оглед на фактот дека цената на смартфонот стартува од 749 долари. Според голем број на студии, компанијата прибира околу 90% од добивката во целиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП