3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро ин витро на товар на ФЗОМ за трето и четврто дете

Наскоро ин витро на товар на ФЗОМ за трето и четврто дете

fzom-fzom

Сите кои имаат потреба од ин витро оплодување за трето или четврто дете, на тоар на Фондот за здравствено осигурување, наскоро ќе може да го искористат ова право, откако измените на законот ќе поминат во Собрание, најави директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски, при посетата на подрачната служба на Фондот во Штип.

Директорот Стефаноски информираше дека на седница на Влада се донесоа законските измени, кои премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски ги најави, за остварување на право на биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО), односно ин витро за трето и четврто дете. Со предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување по скратена постапка, се утврдува и ослободување од плаќање на учество (партиципација) за користење на здравствените услуги во постапките на ин витро (БПО) за добивање на прво, второ, трето и четврто дете најмногу до трет неуспешен обид за оплодување. Партиципацијата досега чинеше 6.000 денари и со измените, постапката ќе биде на товар на ФЗОМ. Законските измени се веќе доставени до Собранието на Република Македонија и како што потенцираше директорот Стефаноски, се надеваме дека во најбрз рок, граѓаните кои имаат потреба од ова право, ќе можат наскоро да го користат.

Во рамките на денешната работна средба, се реализираше посета и на приватната здравствена установа „Д-р Органџиски“, со која Фондот за здравствено осигурување има договор за здравствени услуги за ин витро и се разговараше за модалитетите на соработка и квалитетот на здравствените услуги кои ги добиваат осигурениците.

Инаку проектот отворени денови и директно со осигурениците им овозможува во континуитет на граѓаните да продолжат да добиваат прецизни информации за поедноставената процедурата за пререгистрација на невработените лица, за остварување на правото на БПО, за ортопедските помагала, рефундирање на здравствените услуги и лекови, како и за тоа дали се наплаќаат лекарските потврди за во градинка, училиште од стручните лица на подрачните служби на Фондот истакна директорот Рамадани.

Сите осигуреници може да побараат било какви дополнителни информации на веб страницата на Фондот (www.fzo.org.mk) или на социјалните мрежи фејсбук и твиртер. Може директно да се обратат во подрачните служби, или да се јават на бесплатниот телефноски број 0800 33 222 секој работен ден од 8.30 до 20.00 часот или по маил на [email protected].

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП