4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА15 необични прашања на интервјуто за работа во Apple

15 необични прашања на интервјуто за работа во Apple

AppleStock

Да работите во компанија како „Apple“ е исполнување на соништата, всушност се смета за едно од најпредизвикувачките работни места во светот во овој момент.

Сепак, со големата моќ доаѓа и големата одговорност, бидејќи во „Apple“ со сигурност не вработуваат секого.

Големите ИТ компании, како „Google“, „Apple“ и „Microsoft“ низ годините креирале низа сериозни тестови и прашања за да се уверат дека личностите кои ќе започнат да работат кај нив се најдобрите личности во моментот кои се нудат на пазарот за труд.

„Apple“ знаe точно кој профил на личност сака да го вработи, а 15-те интересни прашања кои им помагаат во изборот на најдобриот кандидат се следниве?

1. Една работа на која сте особено горди?

2. Кои се вашите најголеми неуспеси и што научивте од нив?

3. Опишете еден проблем од претходната работа и кажете ни како го решивте?

4. Како на осумгодишник би му објасниле што е рутер и како тој функционира?

5. Зошто се пријавивте за работа во Apple?

6. Дали некогаш сте имале спротивставени мислења со својот надреден и како постапивте во тој момент? Навдете конкретен пример и неговиот конечен исход.

7. Како би тестирале дали тостерот е исправен?

8. Дали сте креативни? Опишете ни нешто што го сметате за креативно?

9. Имате две јајца а сакате да дознаете која е најголемата висина од која можете да го фрлите јајцето, а тоа да не се скрши. Како би го направиле тоа?

10. Зошто треба да ве вработиме токму вас?

11. Што е поважно: Да ги поправите проблемите на корисниците или да им создадете нови добри искуства?

12. Изгледате како позитивно лице. Што може да ви го расипе расположението?

13. Демонстрирајте ни како на купувачот би му покажале дека му стоите на располагање, притоа служејќи се само со својот глас.

14. Опишете ни еден најдобар и еден најлош ден кој сте го доживеале во последните 4 години?

15. Колку деца се раѓаат во светот секој ден?

Имате ли одговор на сите прашања? Што мислите дали би поминале на интервјуто за работа?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП