19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеконструкција на дел од коловозот на булеварот „Јане Сандански“

Реконструкција на дел од коловозот на булеварот „Јане Сандански“

bulevar jane

Почна реконструкцијата на дел од коловозот на булеварот „Јане Сандански“, во Општина Аеродром, на потегот од катната гаража „Илинден“ до крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“, во должина од 475 метри.

„Во текот на градежните работи на булеварот „Јане Сандански“ ќе се отстрани постојниот оштетен асфалтен слој, ќе се нивелираат 37 шахти и сливници, ќе се заменат оштетените рабници, на местата каде што ќе се јави потреба ќе се обнови и носечкиот слој, по што на коловозот ќе се нанесе нов асфалтен слој `Сплит Мастикс` од еруптивно потекло на површина од околу 9.000 квадратни метри. Во текот на градежните работи ќе се обнови дел и од велосипедската патека од двете страни на булеварот“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски изјави дека ова е уште една потврда дека добрата соработка со Град Скопје дава позитивни резултати за подобрување на условите за живот на граѓаните, особено што станува збор за исклучително фреквентен булевар.

„Нашата соработка во изградбата на сообраќајната инфраструктура ќе продолжи и во наредниот период, а Општина Аеродром исто така го искористи летниот период за реализирање на поголем број на проекти на улиците кои се под општинска надлежност. Така, неодамна во употреба беше пуштена новата улица „Анастас Митрев 3“ во населбата Мичурин, а започна и реконструкцијата на улицата „Горно Лисиче“ на потегот со вкупна должина од околу 1,7 километри“, изјави градоначалникот Коневски.

На втората фаза од проектот за реконструкција на коловозот на булеварот „Јане Сандански“ ќе работат екипите на градежната компанија „Ескаватори – МК“, каде инвеститор е Градот Скопје кој за овој зафат ќе потроши околу 17,2 милиони денари.

Во текот на реконструкцијата на коловозот на булеварот „Јане Сандански“ ќе се воведе привремен сообраќаен режим, поради што апелираме граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП