26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ обезбеди 90.656 евра за помош на мигрантите во Македонија

ЕУ обезбеди 90.656 евра за помош на мигрантите во Македонија

мигранти

Европската унија обезбеди 90.656 евра хуманитарни средства со кои ќе се помогне во справувањето со миграцискиот притисок во Македонија.

Поддршката е наменета за Црвениот крст да им понуди помош на околу 4.600 луѓе во следните три месеци, преку Фондот за итно надминување катастрофи на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената Полумесечина, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Помошта е наменета, пред се, за Прифатниот центар за баратели на азил во Скопје и за главните железнички станици на јужната и северната граница на земјата.

„Помошта ќе ги покрие основните потреби, како што се услуги од примарната здравствена заштита, снабдување со вода, храна, хигиенски пакети, ќебиња, облека, чевли, продукти за нега на бебиња“, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП