1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFBI разби „хакерски пазар“- осомничени и Македонци

FBI разби „хакерски пазар“- осомничени и Македонци

fbi hakeri

Министерството за правда на САД во соработка со Федералното биро за истраги FBI откри криминален хакерски „пазар“ на којшто се тргувало со украдени податоци, а меѓу осомничените хакери има и од Македонија.

Според информациите коишто ги објавија српските медиуми, освен украдените податоци, на сајтот Darkode.com, можело да се купи и софтвер и други продукти коишто можеле да украдат информации од компјутери и мобилни телефони.

Истрагата којашто траела 18 месеци, опфаќала околу 70 наводни сајберкриминалци од САД, како и од 19 други земји меѓу кои има хакери и од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Американските власти истакнуваат дека во сите земји од кои доаѓаат хакерите има и жртви на нивните акции.

Тајниот сајт во којшто можеле да влезат само членовите на групата, бил најголем сајт од овој вид на англиски јазик, се додека ФБИ не добиле судска дозвола да го уништат.

„Уништивме сајбер гнездо на криминални хакери за коешто многумина веруваа дека е невозоможно да се собори“, наведува обвинителот на САД, Дејвид Хиктон.

Според него, против 12 лица од САД се покренати обвиненија. За нив се наведува дека во 2007-ма година ја создале Darkodа, „за да ги соберат најталентираните хакери и сајберкриминалци на интернет“ се вели во документите од судот.

Бројот на жртвите и нивните загуби не може да се пресметаат, се проценува дека станува збор за милијарди долари.

Од луѓето на Балканот се истакнува само Матијаж Скорјанц од Марибор за кого се наведува дека е уапсен во Словенија и дека ќе биде екстрадиран во САД за да се соочи со обвиненијата меѓу кои се прислушување, како и банкарски и компјутерски измами.

Роб Вајнврајт од Европол изјави дека соборувањето на Darkoda значајно ја намали сивата економија, и е потсетник дека приватните форуми не смеат да бидат гнезда на криминалци.

Меѓу осомничените има и еден осумнаесетгодишник од Англија кој се сомничи дека наводно е одговорен за хакирање на мрежите на „Сони плејстејшн“ и  „Xbox“.

Осомничените се хакери од Велика Британија, БиХ, Бразил, Канада, Колумбија, Костарика, Хрватска, Кипар, Данска, Финска, Германија, Израел, Латвија, Македонија, Нигерија, Романија, Србија и Шведска.

Се очекува во текот на денот македонската полиција да излезе со детали за акцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП