26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврогрупата бара од Грција за три дена да претстави долгорочни реформи

Еврогрупата бара од Грција за три дена да претстави долгорочни реформи

grcija-zname-covek-eu

Министрите за финансии на 19-те земји членки на еврозоната (Еврогрупата), го завршија состанокот во неделата со нови барања кои Грција треба да ги прифати во следните три дена, како услов за започнување на преговорите за третиот пакет финансиска помош за оваа земја на којашто ѝ се заканува банкрот.

Австрискиот министер за финансии Ханс Јорг Шелинг изјави дека Еврогрупата побарала нова реформска програма, којшто треба да ја прифати грчкиот парламент, а неговиот фински колега Александер Стуб изјави дека министрите се договориле околу долгорочните услови кои мора да бидат прифатени во парламентот во Атина до 15-ти јули, односно во следните три дена.

Барањата се однесуваат на приватизацијата, на пензискиот систем и на пазарот на трудот, како и на данокот на додадена вредност (ДДВ) во некои сектори, според Стуб. „Без тоа, нема да има преговори за новиот пакет помош“, порача пак Шелинг.

Претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии Јероен Дијселблом изјави дека со резултатите од средбата на министрите за финансии ќе ги запознае челниците на земјите од еврозоната кои го започнаа вонредниот самит посветен на Грција во моментот кога заврши состанокот на Еврогрупата.

Дијселблом рече дека „уште има отворени прашања“ и дека сега челниците на еврозоната треба да одлучат што ќе се прави натаму. „Минавме долг пат, а останаа отворени уште некои важни прашања и за нив ќе одлучуваат челниците на земјите од еврозоната“.

Еврокомесарот за економски и финансиски работи, Пјер Московиси, изјави дека е постигнат напредок, дека останале некои разлики, и исто така порача дека челниците од еврозоната треба да го најдат решението.

По извесно време премиерот на Малта, Џозеф Мускат, на Twitter објави дека лидерите на земјите од еврозоната прават пауза за консултации.

„Евросамитот е прекината поради консултации. Документот на Еврогрупата е најзначајниот чекор преземен досега. Неопходно е да го фокусираме вниманието на клучните моменти“, напиша Мускат.

Портпаролот на владата на Кипар, Никос Христодулидис, исто така, на Twitter напиша дека самитот на еврозоната земал „долга пауза за консултации“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП