27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција од кредиторите очекува 53,5 милијарди евра

Грција од кредиторите очекува 53,5 милијарди евра

grcija evra 330

Новиот пакет на мерки кои грчката влада ги предала до еврогрупата излегува во пресрет на барањата на меѓународите кредитори за тоа Атина да ги зголеми даноците и да го намали државниот трошок на пензии, а за возврат Грција очекува 53,5 милијарди евра.

Грција од кредиторите очекува 53,5 милијарди евра со кои до крајот на јуни 2018-та година би ги покрила обврските за отплата на долговите, пренесува Reuters.

Тие мерки, кои вклучуваат зголемување на даноците за бродските компании и укинување на даночните олеснувања за островите, треба да ги исполнат условите за нов договор со кредиторите, кој Грција би ја спасил од банкрот и излегување од еврозоната.

Грчката влада исто така планира да го зголеми данокот на додадена вредност за рестораните и хотелите, потоа да започне со реформите на пензискиот систем, како и да одреди цврст рок за отпочнување на приватизацијата.

АР констатира дека грчката влада се согласила на барањата кои претходно одбиваше да ги прифати, воглавно преместувајќи разни категории на стока и услуги во повисока даночна стапка.

Reuters прецизира дека меѓу понудените мерки мометално се и зголемување на данокот на луксуз и воведување на данок на телевизиските реклами, како и преминување во нов систем на колективно преговарање до крајот на годината.

Грчката влада исто така се обврзува до крајот на октомври да објави датум за тоа кога ќе се распишат тендери за приватизација на железницата и пристаништетото во Пиреја и Солун. Исто така предвидени се и чекори во приватизацијата на регионалните аеродроми и продажба на државните акции во грчкиот Телеком.

Покрај ова, Атинa нуди смалување на трошоците во одбраната, а новите пензиски реформи се предвидени веќе за октомври.

Грчкиот предлог пристигнал во Брисел до шефот на еврогрупата, Јероен Дајселбум скоро два часа до истекнувањето на предвидениот рок. Доколку европските партнери се задоволни, пакетот на мерки на грчкиот премиер Алексис Ципрас би можел да биде прифатен на вонредниот самит на лидерите на Европската унија во недела. Доколку пак овој предлог не биде прифатен, тогаш на Грција и се заканува излегување од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП