26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБорисов: За Бугарија стабилноста на ЕУ и еврозоната е од витално значење

Борисов: За Бугарија стабилноста на ЕУ и еврозоната е од витално значење

Bulgarian parliamentary elections

За Бугарија стабилноста на Европската унија (ЕУ) и на еврозоната се прашања од витално значење, изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на телефонскиот разговор со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, пренесуваат бугарските медиуми.

Борисов и Туск во понеделникот вечерта разговарале за развојот на состојбата во Грција по спроведениот референдум за мерките на кредиторите, пришто бугарскиот премиер изразил надеж дека европските самити ќе дадат нова можност за изнаоѓање на решение кое ќе биде прифатливо како за земјите од еврозоната, така и за сите земји-членки на ЕУ.

Борисов истакнал дека Грција е непосреден сосед и близок партнер на Бугарија во ЕУ и дека е важно таа да постигне економска и финансиска стабилност. Според бугарскиот премиер, потребно е сите страни да покажат одговорност и да бидат реални.

Во разговорот со Туск, Борисов се осврнал и политичката и финансиската стабилност во Бугарија и додал дека се преземени сите неопходни мерки за да има безбедност на банкарскиот сектор, независно од развојот на настаните во Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП