26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција не може да преземе ризик Грција да ја напушти еврозоната

Франција не може да преземе ризик Грција да ја напушти еврозоната

manuel francija

Францускиот премиер Мануел Валс изјави во пресрет на денешниот итен состанок на самитот на лидерите на Европската унија, дека Франција не може да преземе ризик Грција да ја напушти еврозоната.

„Франција е уверена дека не може да преземе ризик Грција да ја напушти еврозоната, потег кој би можел да влијае на економиите ширум светот“, предупреди Валс.

Тој наведе дека „постои основа за договор со Атина“.

„Основа за договор постои. Не постои табу тема кога е во прашање грчкиот долг во реструктуирање“, наведе Валс, пренесе агенцијата АФП.

Грчките државници во пресрет на референдумот минатата недела преговараа со тројката кредитори бидејќи Атина оцени дека Грција не е во состојба, во краток рок, да ги отплати своите долгови, поради што е неопходно финансиските обврски да бидат реструктуирани.

Валс оваа изјава ја даде неколку часа пред самитот на лидерите на еврозоната на кој ќе се разговара за исходот на референдумот во Грција. Гласачите ги отфрлија мерки на штедење и реформи кои ги бараат доверителите во замена за спасување на грчките финансии.

Доцна синоќа, лидерите на Германија и Франција-најголемите економии на еврозоната, претставија единствена платформа и го повикаа грчкиот премиер Алексис Ципрас да даде „прецизен предлог“ како да заживеа преговорите за извлекување на Грција од должниката криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП