26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ќе бара отпишување на 30 проценти од долгот

Грција ќе бара отпишување на 30 проценти од долгот

грција33343444

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денес во Брисел ќе се обиде да ја искористи победата на референдумот за да се договори со лидерите на Европската унија (ЕУ), а како што се очекува на состанокот на шефовите на државите и владите на земјите од еврозоната, ќе претстави нов предлог за решавање на кризата, кој според најавите вклучува барање на Грција да и се отпишат 30 проценти од долгот.

Ципрас се соочува со силен притисок од доверителите во странствто и банките во земјите кои го бараат она што и недоста на Грција, а тоа се парите, пишува АР.

Состанокот на министрите за финансии на земјите од еврозоната е најавен за вторник попладне, а вечерта би требало да биде одржан и самитот на лидерите на 19-те земји.

„Времето е од суштинско значење“, рекла германската канцеларка Ангела Меркел, по состанокот во Париз со францускиот претседател Франсоа Оланд.

Ципрас во неделата постигна и повеќе од очекувана победа откако 61 процент од гласачите ги одби економските мерки на доверителите, кои беа предложени во замена за кредитите кои би ги одржале на површина острите мерки на штедење, кои вклучуваат и намалување на пензиите.

Клучна фигура во преговорите ќе биде новиот грчки министер за финансии Еуклид Цакалотос, кој рекол дека не крие оти е доста нервозен и нестрплив во овој историски момент, наведувајќи дека Грција заслужува подобра понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП