27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто по изгласаното ,,не" на референдумот во Грција?

Што по изгласаното ,,не” на референдумот во Грција?

E

Според мислењата на повеќето аналитичари, „не“ на референдумот би значело „скок во непознато“, со можна економска бура во Грција, чијашто сила и резултат зависи од ставот на нејзините партнери.

„Со изгласаното ‘не’, ситуацијата би била посложена. Ципрас би бил зајакнат, значи политичката криза во Грција би била смирена но на ниво на еврогрупата би и било многу тешко“, смета Пасе.

Дали грчките партнери би се согласиле на продолжување на преговорите? Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, како што изгледа, не го сака тоа, и смета дека „не“ би значело „не“ за Европа. Алексис Ципрас, пак, верува дека тоа би извршило „силен притисок“ за да се постигне „подобар“ договор“, бидејќи е убеден дека Европската унија поради стравот за својата иднина нема да се осмели да ја исклучи Грција од еврозоната.

Во случај да дојде до целосно раскинување, ЕЦБ тешко би можела да го продолжи снабдувањето на грчките банки со свежи пари, па тие би банкротирале. За да ги докапитализира, владата во Атина може да воведе паралелна валута – задолжници. Но таа валута набрзо би изгубила на вредноста, па би следела ткн галопирачка инфлација, Штедачите би ги загубиле своите заштеди, а Грција, дефакто надвор од еврозоната, би потонала во хаос.

Прашањето е дали Европејците би дозволиле една држава така да пропадне, без да реагираат? Вивиен Пертиусот, научен истражувач од Францускиот институтот за меѓународни односи, смета дека тоа е малку веројатно, поради политичките и економските ризици за целата еврозона.

Некои сметаат дека Атина и нејзините доверители можеби би можеле тогаш да ги закопаат своите разлики и да пронајдат заеднички јазик. „Каков и да биде резултатот од референдумот, во понеделник ќе биде постигнат договор, во тоа сум целосно и апсолутно убеден“, изјави во саботата грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис. Меѓутоа оваа изјава може да се смета и во функција на кампањата за поддршка на „не“ на референдумот, бидејќи всушност досегашниот предлог на доверителите престана да важи со неисполнувањето на Атина на своите обврски на 0-ти јуни.

„Европејците во тој случај мора да се договорат за што ќе преговараат, што нема да биде нималку едноставно“, истакнува Пертусо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП