26 април, 2024
ПочетнаКОЛУМНИСовет: Штедете барем во неколку валути

Совет: Штедете барем во неколку валути

stedete

Колку и да разговарате со експерти од монетарната економија, на крај решението е многу едноставно-штедете во повеќе стабилни валути.

Сеуште не се знае какви би биле последиците по вредноста на еврото и економијата на Европа со настаните во Грција, па затоа потребно е да штедиме барем најмалку во две стабилни валути.

Колку и да разговарате со експерти од областа на валутно тргување и монетарни економисти, едноставно е решението-штедете во повеќе валути, но стабилни.

Очекувано е еврото да ја губи вредноста доколку Грција официјално банкротира, што ќе се одрази на сите членки на Европската унија.

Банкротот на Грција најмногу ќе ја погоди самата Европа, посебно еврозоната која ја користи оваа валута, со што ниската вредност на еврото ќе влијае на увозот и извозот, како и на трговијата во целост. Со прогласување на банкрот на Грција ќе се осети големо влијание на инвестициските пазари.

Доколку излезе од еврозоната, Грција најверојатно ќе ја врати својата стара валута-драхма, со што на стартот проценките би биле девалвација на валутата дури до 40 отсто за една година.

Сето ова ќе остави сериозни последици на економијата и ќе биде тежок период за Грција бидејки ќе биде изоставена од инвестициските пазари на капитал поради недовербата на инвеститорите да вложат во земја која е банкротирана.

 

Банкарот,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП