26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродажбата на Galaxy S6 не ги исполни очекувањата

Продажбата на Galaxy S6 не ги исполни очекувањата

gali prodazba

Претходно во оваа година „Samsung“ претстави два нови премиум телефони, „Galaxy S6“ и „Galaxy S6 Edge“.

Се очекуваше дека потрошувачите на пазарот позитивно ќе реагираат на нив и многумина од нив тоа го сторија, но работите би можеле да се променат во овој квартал, затоа што аналитичарите варуваат дека „Galaxy S6“ не ги исполни очекувањата во вториот квартал.

Индустриски извори наведуваат дека „Samsung“ ќе пријави оперативен профит помеѓу 2,76 и 3,03 милијарди долари за вториот квартал.

Ова е зголемување од 22 проценти во однос на претходното тримесечје, но во исто време и пад од дури 24 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Резултатите се препишуваат на слабата продажба на телефоните „Galaxy S6“, но се остава голема надеж во „Galaxy Note 5“, телефон/фаблет. „Samsung“ исто така би требало да ги претстави и „Galaxy S6 Еdge Plus“, како и „Galaxy S6 Plus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП