3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ги повикуваат ЕУ и ММФ да ја задржат Грција во еврозоната

САД ги повикуваат ЕУ и ММФ да ја задржат Грција во еврозоната

лагардддддд

Високите американски функционери се вмешаа во неделата навечер во грчките финансиски проблеми со повикот до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската унија, да осмислат план за заздравување кој би ја задржал Грција во еврозоната, па и да го отпишат нејзиниот долг.

Во низата одвоени телефонски разговори коишто започнале уште во саботата откако грчкиот премиер Алексис Ципрас објави референдум за прифаќање на предлогот на грчките доверители кој ќе се одржи на 5-ти јули што значи дека Атина нема намера да ги плати своите долгови кон ММФ до 30-ти јуни во висина од 1,6 милијарди евра, коишто американскиот министер за финансии Џек Ли ги имал со челничката на ММФ, Кристин Лагард и министрите за финансии на Германија и на Франција, ги повикал соговорниците „да пронајдат одржливо решение кое Грција ќе ја постави на патот на реформите и заздравувањата во рамките на еврозоната“, се истакнува во соопштението на министерството објавено во неделата навечер.

Во соопштението кое на Reuters му го дал портпаролот на американското министерство за финансии, Ли вели дека „за сите страни е важно да продолжат да соработуваат во барањето решение, што подразбира и расправа за можно отпишување на грчкиот долг“, пред референдумот за условите за финансиска помош кој е закажан за следната недела.

Извршната директорка на ММФ, Лристин Лагард, изјави во неделата дека е разочарана од застојот во преговорите со Грција со коишто би требало да се спречи нејзиниот банкрот, но додаде дека еврозоната е „во силна позиција“ и може ефикасно да преговара на промената на ситуацијата. Во своето соопштение, Лагард повикува на урамнотежен пристап за обновување на економската стабилност и растот во Грција, со спроведување на структурните и фискални реформи, и ја истакна подготвеноста на продолжувањ на преговорите.

И претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер се обиде во последен момент во неделата да ја наговори Грција да се согласи на договорот кој би ја спасил од банкрот, и рече дека за преговорите „вратата е отворена“. Јункер им се обрати директно на грчките гласачи. ЕК го објави документот за кој тврди дека е ублажена понуда коишто грчките преговарачи ја разгледувале во петокот навечер во Брисел кога пристигнала веста дека грчкиот премиер Алексис цирпас ја отфрлил понудата и одлучил да распише референдум.

„Во интерес на транспарентноста и поради информирањето на грчкиот народ“, образложи Јункер на Twitter кој е објавен и на грчки јазик. Челникот на Европската комисија додаде линк до документот на десет страници за буџетски и други „претходни постапки“ на официјална Атина, за кои Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд се договориле да бидат услови за давање на новата помош во готовина на Грција.

Еврогрупата, министрите за финансии на земјите членки на еврозоната, можеа за тоа да постигна договор на состанокот во саботата, но го повлекоа предлогот со образложение „поради едностраната одлука на грчките власти да се откаже од целата постапка“.

Меѓу елементите на тој предлог, а датиран е со 26-ти јуни во 20 асот по средноевропско време, се и формулациите за пензиите поинакви отколку во доверливиот нацрт во кој Reuters имал увид на почетокот од минатата седмица, како и отстапки во врска со данокот на додадена вредност (ДДВ) за хотелскиот сектор кој за Грција е витална индустрија. Во новиот предлог се вели дека хотелите може да наплатуваат намалена стапка на ДДВ од 13 отсто, а не стандардните 23 отсто.

Неименуван грчки функционер за Reuters рекол дека таа понуда не ѝ била испратена на официјална Атина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП