1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис не верува дека Европа сака грчко излегување од еврозоната

Варуфакис не верува дека Европа сака грчко излегување од еврозоната

varufakis222

Грција не верува дека нејзините европски партнери на крајот би ја пуштиле земјата да излезе од еврозоната, изјави министерот за финансии Јанис Варуфакис, додека Атина се обидува да го фати последниот термин за договор со доверителите.

Владата предводена од грчката радикална левица се обидува до крајот на јуни ќе постигне договор со кој би ја ослободила последната транша од 7,2 милијарди евра од вкупно 240-те милијарди евра од актуелната програма за помош на Грција, и да се спречи земјата да банкротира и да излезе од еврозонота.

Запрашан дали е можно Грција да ја напушти монетарната унија, министерот за финансии Јанис Варуфакис за британскиот јавен сервис BBC изјави дека не смета оти европските челници тоа го посакуваат, додавајќи дека се надева оти политичарите блефираат кога зборуваат за грчкото напуштање на еврото. „Не верувам дека кој и да е внимателен европски бирократ или политичар би тргнал по тој пат“, рече.

Грчката делегација во текот на саботата во Брисел треба да ги поднесе своите противпредлози со коишто сака да се надминат разликите во ставовите со своите доверители и да ги започне преговорите за да постигне договор до 30-ти јуни. „Грција е подготвена да ги претстави протвипредлозите за да се надминат разликите со доверителите“, изјавил за Reuters неименуван грчки функционер.

Атина мора до 30-ти јуни да ги плати доспеаните рати од кредитот во износ од 1,6 милијарди евра од кредитот кон ММФ, но постојат сомневања дека ќе успее да ги сервисира, доколку кредиторите не ѝ ја ослободат последната транша од 7,2 која е сопрена од август минатата година. Меѓутоа, кредиторите ММФ и ЕУ, ја условуваат исплатата на помошта со спроведување на реформите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП