3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедиуми: САД и ЕУ веќе договориле нови санкции против Русија

Медиуми: САД и ЕУ веќе договориле нови санкции против Русија

sadeu1

САД и Европската унија „го привршуваат разгледувањето на новите санкции против Русија“, поради случувањата во Украина, објави во петокот американската телевизија CNN повикувајќи се на свои извори.

Според телевизијата, новите рестриктивни мерки, чиешто усогласување речиси е завршено, вклучуваат како „дополнување на постојната црна листа со нови имиња и компании“, така и „воведување на пошироките санкции за финансискиот, енергетскиот и одбранбените сектори на Русија“.

Информирани извори велат дека сé уште не е донесена одлуката за воведување на дополнителните мерки, се вели во извештајот на CNN. Според изворите, „оваа седмица обновените судири биле поводот за разгледување на прашањето за проширување на санкциите, но борбите престанаа пред да биде донесена одлуката“.

„Постојат голем број различни опции, коишто ќе им бидат достапни на западните челници, како одговор на активностите на Русија во Украина“, изјавил за телевизијата неименуван соговорник од американски и европски дипломатски кругови.

Според пишувањето на весникот The Wall Street Journal, на 25-ти и 26-ти јуни на следниот самит на ЕУ ќе биде донесена одлуката за продолжување на санкциите против Русија. Овие ткн секторски санкции на ЕУ, беа воведени минатото лето по присоединувањето на Крим на Руската Федерација, и се насочени кон ограничувања од трговски, финансиски и воен карактер против Русија, а истекуваат на крајот од јули. Според информациите на весникот, речиси е сигурно дека санкциите ќе бидат продолжени за уште половина година. Тие, наводно, овојпат вклучуваат ембарго на испораките на оружје и воена технологија за Русија и на извозот на руското оружје и „поврзаните со тоа материјали“, забрана за извоз во Русија на „стоки и технологии со двојна намена“, а исто така и доставување иновативни технологии за нафтената индустрија.

Дејството на ткн „црни листи“ за руски и украински државјани, на коишто им е забранет влезот во ЕУ и чии активи се замрзнати, исто така според весникот, ќе биде продолжено до крајот на јануари 2016-та.

Официјална Москва на најавите за продолжување и проширување на санкциите против неа поради наводната руска вмешаност во украинската криза, повеќепати оцени дека станува за „контрапродуктивни“, како и дека „намалувањето на конфронтацијата, со обидот да се наложат санкции, е пат кој не води никаде“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП