26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе подготвува заменикот на Citroen C6

Се подготвува заменикот на Citroen C6

divine000

Францускиот производител „Citroen“ подготвува наследник на својот предводник „C6“. Новиот модел ќе се нуди под брендот „DS“, а ќе биде достапен на сите светски пазари, вклучувајќи ги Европа, Кина и САД.

„Citroen C6“ беше сопрен уште на крајот на 2012-та година, а во моментов луксузните модели на брендот се продаваат под името „DS“. Новиот предводник исто така ќе го добие амблем „DS“, а дизајнот ќе биде инспириран од концептот „Divine“, тврди весникот „Auto-Moto“, според кој името на автомобилот ќе биде „DS8“.

Според информациите „DS8“ ќе има должина од околу 5 метри и ќе биде изграден на новата платформа „EMP2“.

За погонот ќе бидат задолжени ново развиени бензински и дизел мотори со четири цилиндри, а исто така се очекува и хибридна опција. Таа ќе биде од типот „plug-in“, а батериите ќе можат да се полнат од електричната мрежа, а ќе комбинира бензински и електрични мотори кои ќе бидат поставени на задната и предната оска.

Во моментов нема информации за датумот на премиерата на новиот автомобил на „Citroen“. Се очекува, сепак тој да се појави најнапред во Кина, а на пазарите во Европа и САД да биде достапен пред 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП