27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонските извозници со поддршка на Invest Macedonia претставени во повеќе од 20...

Македонските извозници со поддршка на Invest Macedonia претставени во повеќе од 20 земји

abbb

Продолжува одличната соработка и партнерскиот однос меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и домашните извозно ориентирани компании.

Како продолжение на одржаните два циклуси на средби во рамките на проектот „Online видео средби помеѓу домашните извозни компании и економските промотери“, на 21 мај во просториите на Агенцијата се одржаа третиот циклус на директни Оnline видео средби помеѓу претставници на домашни извозно ориентирани компании и економските промотери. Во рамките на овој циклус, компаниите Нутри Груп, Кенди, Алкалоид, Ларс Трејд, Ларс, Саитис, Коро и Јаболчело имаа можност да го претстават своето производно портфолио и капацитети во повеќе од 20 земји кои претставуваат опфат на покривање и делување на економските промотери.

Средбата беше конструктивна, наша оценка е дека со ваквите средби ќе го зголемиме извозот на производи на сушено овошје (чипс од јаболка, чипс од праска и чипс од јагода). Се надеваме дека овие средби ќе продолжат и во иднина и истите ќе придонесат за наша афирмација и зголемено присуство на странски пазари”.изјави г-динот Филип Мировски, управител на компанијата Нутри Груп од Скопје.

Во рамките на овој проект се таргетираат компании од одделни сектори со потенцијал за присуство на странски пазари и крајна цел на истиот е зголемен извоз и пласман на домашните производи на странски пазари преку промоција на производното портфолио на домашните компании, а инпутот на економските промотори е да се запознаат со производите и капацитетите надомашните извозниции да помогнат во изнаоѓање странски купувачи и пристап до пазари во земјите кои што ги покриваат промотерите.

Радува огромниот интерес на домашните извозници за учество на ваквиот серијал на средби чиј организатор и имплементатор е Агенцијата и она што заеднички го констатиравме со домашните извозници во самите разговори е дека ваквите средби се исклучително корисни од аспект што го зацврстува партнерскиот однос меѓу државата и стопанството и претставува ефикасна алатка за полесен пристап и претставување на домашните извозници на странски пазари.“изјави г-динот Климент Шекеровски, заменик директор на Invest Macedonia.

Според г-динот Шекеровски, проектотќе продолжи континуирано да се реализира на квартално ниво и Агенцијата останува отворена за сите компании кои би сакале даземат свое учество. Со ваков пристап, Агенцијата опстојува на својата заложба да биде рамноправен партнер на македонските извозници и ќе продолжи со спроведување на низа активности кои треба да им помогнат на домашните компании да остваратпоголем пласман на своите производи на надворешни пазари што е еден и од приоритетите на владината економска политика.

abbb

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП