26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја поправи прогнозата за Русија

ММФ ја поправи прогнозата за Русија

rusija-moskva-russs

Меѓународниот монетарен фонд – ММФ оцени дека во Русија бруто домашниот производ – БДП ќе забележи пад од 3,4 проценти во 2015 година, и дека наредната година ќе забележи мал раст.

ММФ ја ревидираше својата претходна проценка за падот на БДП од 3,8 проценти за оваа година и од 1,1 проценти за 2016 година. Економскиот раст за 2014 година изнесуваше 0,6 проценти.

„Mерките кои руските власти ги преземаа против економската криза, помогнаа во стабилизацјата на ситуацијата“, изјави шефот на мисијата на ММФ во Русија, Ернесто Рамирес Риго.

Русија трпи последици од монетарната криза предизвикана од западните санкции поради украинската криза и падот на цената на нафтата на светските пазари.

Риго предвидува економски раст на Русија од 0,2 проценти за наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП