1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел и Оланд го повикаа Ципрас да ја доврши сегашната програма за...

Меркел и Оланд го повикаа Ципрас да ја доврши сегашната програма за помош

merkel cipras oland

Грчкиот премиер Алексис Ципрас разговараше доцна во ноќта во четвртокот во Рига со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд коишто го потсетиле дека мора да стори повеќе за да ги обезбеди парите кои се неопходни неговата земја да го избегне банкротот.

„Разговорите беа концентрирани на волјата да се исполни сегашната програма. Се согласија околу тоа дека грчките власти треба ја продолжат соработката со трите институции“, (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд – з.м.), изјавија германски и француски службени лица по двочасовните разговори кои траеле по полноќ на маргините од европскиот самит во Рига.

Грчки претставник, кој ја споделува оцената на германската канцеларка Ангела Меркел и на францускиот претседател Франсоа Оланд, дека разговорите биле „пријателски и конструктивни“, подоцна за медиумите изјави дека на грчкиот премиер Алексис Ципрас му понудиле лична помош за да се забрза постигнувањето на долгорочен договор за решени на грчката должничка криза.

Ципрас „зборуваше за долгорочниот договор кој би ги зајакнал изгледите за излегување од кризата“, рекол неименуваниот грчки претставник. „Меркел и Оланд ја разбраа потребата од таков договор и подготвени се лично да придонесат за да се забра процесот за постигнување таков договор“, додал претставникот.

Ципрас во неодамнешните разговори со грчката деловна заедница најави дека неговата влада е во последната фаза од преговорите за договорот со меѓународните доверители. Грција со ММФ и со ЕУ преговара за економските реформи кои мора да се спроведат пред доверителите да ја исплатат траншата од 7,2 милијарди евра, од пакетот помош во вкупна вредност од 240 милијарди евра.

Минатата седмица Атина ги испразни резервите за да исплати 750 милиони евра камата на долгото на постојните заеми од ММФ. На Грција ѝ недостигаат пари, а до 5-ти јуни на ММФ треба да му исплати уште 1,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП