26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеконтролирано се потите? Еве како да си помогнете...

Неконтролирано се потите? Еве како да си помогнете…

o-EXCESSIVE-SWEATING-facebook

Потењето е нормална појава, но понекогаш тоа ни предизвикува проблеми и не доведува во непријатна ситуација.

Редовната дневна хигиена која вклучува туширање и нанесување на препарати против непријатниот мирис на потта е начин да се справите со оваа несакана појава, но можете да ги примените и овие нешта, тие исто така ќе ви помогнат.

1. Редовно отстранувајте ги влакненцата под пазувите, на нив се таложат дополнителни бактерии.

2. Јадете помалку месo, особено црвено и избегнувајте ја брзата и зачинета храна.

3. Избегнувајте алкохол и намирници кои влијаат на мирисот на потта, како што се лукот, кромидот и аспарагусот.

4. Носете исклучиво лесна гардероба од природни материјали, и чувајте ја главата „ладна“, кога таа е загреана се зголемува поттењето.

5. Дневно испијте околу еден литар чај од жалфија, тој го смирува потењето.

6. Еднаш или два пати неделно направете купка во која ќе додадете една шоља природен јаболков оцет, или еднаш во неделата измијте го вашето тело со сода бикарбона, таа многу помага.

7. Физичките активности го зголемуваат потењето, но на тој начин ги исфрлате токсините од телото и го прочистувате организмот па вашиот мирис по туширањето нема да биде во толкава мера непријатен.

8. Избегнувајте конзумација на претерано ладни или топли напитоци, тие предизвикуваат зголемено потење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП