15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН: Осум милиони загрозени по земјотресот во Непал

ОН: Осум милиони загрозени по земјотресот во Непал

nepal 35

Вкупно 4.352 лица загинаа во разорниот земјотрес во Непал, додека осум милион се загрозени, покажуваат податоците на непалските власти и на Обединетите нации.

„Бројот на жртвите се искачи на 4.352, а 8.063 лица се повредени во земјотресот“, изјави претставникот на полицијата Комал Синг Бам.

Според официјалните податоци, во соседните држави, кои исто така беа погодени од земјотресот, загинале околу 100 лица.

Во земјотресот со магнитуда од 7,8 загинаа и 18 алпинисти во лавина на Хималаите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП