26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМИДФ и Комерцијална банка со кредити од 10 милиони евра за општинска...

МИДФ и Комерцијална банка со кредити од 10 милиони евра за општинска инфраструктура

komercijalna-banka22

Фондот за развој на општинска инфраструктура (МИДФ) и Комерцијална банка АД Скопје го поддржуваат развојот на одржлива инфраструктура во Македонија со кредити на износ од 10 милиони евра што се на располагање на општини, комунални претпријатија и приватни друштва коишто даваат општински услуги.

Средствата од кредитот ќе се искористат за финансирање на изградба на нова и модернизација на основната општинска инфраструктура во помалите општини коишто обично имаат ограничен капацитет за изготвување проекти за одржлива инфраструктура и се соочуваат со тешкотии за пристап до финансирање од комерцијалните банки.

МИДФ е прв инвестициски фонд на износ од 100 милиони евра, формиран од ЕБОР и КфВ со придонес од владите на Германија, Швајцарија и Австрија, со цел стимулирање на порастот на пазарот на кредитирање на општини и остварување на долгорочна одржливост на општинските услуги во западнобалканските земји.

Освен тоа, владите на Австрија и Швајцарија обезбедуваат финансирање на техничка помош како поддршка на изготвување и спроведување на проектот и изградба на капацитетот на општинските корисници на кредити.

„Горди сме да ја објавиме  оваа одлична можност за развој на општинската инфраструктура. Ние во МИДФ веруваме дека постои голема потреба од развој на локалната инфраструктура а финансискиот пазар во земјата не го опфатил овој сектор со целиот негов потенцијал. На тој начин ова претставува иновативна соработка на МИДФ со која очекуваме да се покрие финансискиот пропуст во општинската инфраструктура во Србија и да се обезбеди потребната поддршка за таа цел“ рече Клаус Рихтер, менаџер на проект на МИДФ.

„Ја цениме нововоспоставената соработка со МИДФ“ рече  Хари Костов, Главен извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје.

„Тоа е добредојден извор на финансирање за итно потребните инвестиции во инфраструктурата во Македонија придружен со значителна техничка помош на крајните корисници. Како таков, финансискиот пакет дава дополнителна придобивка за клиентите покрај поволните каматни стапки. Нашата банка веќе се докажа како долгорочен партнер во оваа земја што го поддржува економскиот равој на различни начини“, рече Костов.

МИДФ е осмислен за западнобалканските земји, а во оваа група стратегијата на Фондот ќе биде фокусирана на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, согласно со локалните потреби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП