8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот се стабилизираше по вчерашниот пад

Доларот се стабилизираше по вчерашниот пад

dolar

Курсот на доларот во четвртокот закрепна донекаде на светските берзи по загубите во претходниот ден, откако од американската централна банка испратија далеку повниматлена порака по прашањето на каматните стпаки од очекуваното.

Еврото вчера накратко зајакна за 2,5 отсто кон доларот, што е негов најголем дневен скок за шест години. Но, во денешното тргување повеќето од овие загуби се ублажија бидејќи трговците повторно почнаа да го купуваат доларот. Така еврото денеска ослабна за два отсто, на 1,0631 долар, откако во средата накратко достигна дури 1,10625 долари по соопштението на Фед.

Доларот се стабилизираше и кон јенот, на околу 120,7 јени, што значи дека зајакна 0,5 отсто во споредба со претходниот ден, кога се намали на 119,29, најниско ниво од крајот на февруари.

„Она што го слушнавме вчера вечер беше потседник дека силниот долар всушност е своевидно заострување на монетарнта политика во САД, така што одработува дел од работата за Фед. Па, ако одработува дел од неговата работа, во Фед може донекаде да забават по прашањето за кревање на каматните стапки“, толкува Дараг Маер , валутен страег во банката HSBC во Лондон.

Во фокусот на инвеститорите денеска беше и Швајцарската централна банка (СНБ), која одлучи да ги задржи постоечките каматни стапки, откако швајцарскиот франк зајакна кон најзначајните светски валути. Франкот во текот на претпладнето на европските берзи достигна највисоко ниво во последните три дена кон еврото, од 1,0552 франци.

Од СНБ повторно истакнаа дека швајцарскиот франк е значително преценет и дека би требало да ослабне со тек на времето. Воедно порачаа дека ќе останат активни на валуните пазари, доколку биде потребно, што значи дека се подготвени по потреба да интервенираат на валутните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП