8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција одбива ’уцени’, бара состанок со челниците на ЕУ

Грција одбива ’уцени’, бара состанок со челниците на ЕУ

grcija-eu-dogovor

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара состанок со челниците на земјите членки на Европската унија, вклучително и со германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти неименуван грчки функционер.

Грција е упорна на тоа дека нема да ја прифати „уцената“ поради нејзината должничка криза, но за неколку седмици би можела да остане без пари, бидејќи нејзините партнери од Европската унија, кои ги разгневи жестоката реторика на новата грчка влада на радикалната левица против условите за спасување на земјата од Банкрот, ја замрзнаа странската финансиска помош додека Атина не даде докази за спроведувањето на реформите на коишто се обврзаа поранешните грчки влади.

Атина го нападна челникот на Еврогрупата, министрите за финансии на 19-те земји членки од еврозоната, Јероен Дијслелблом, поради неговата изјава дека се зголемува притисокот врз Грција и дека итниот заем ќе го добие само доколку оствари чувствителен напредок во реформите. Додаде дека не сака во Грција да се повтори сценариото од Кипар од 2013 година кога банките мораа да останат затворени неколку дена, за да не бидат извлечени од нив сите депозити на граѓаните.

Портпаролот на грчката влада, Габриел Сакеларидис, го обвини Дијселблум дека ги пречекорил своите овластувања. „Сметаме дека не е потребно да се потсетува дека Грција не може да биде уценувана“, изјави портпаролот.

Ципрас сака на споменатиот состанок на маргините од самитот на ЕУ, кој ќе се одржи во четврток и петок, освен германската германската канцеларка Ангела Меркел да учествуваат и претседателот на Европската централна банка (ECB) Марио Драги, претседателот на Европската комисија Џан-Клод Јункер и францускиот претседател Франсоа Оланд. Неименуван грчки функционер за Reuters додал и дека Ципрас барањето во оваа смисла го упатил во текот на телефонскиот разговорот со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, чиј портпарол потврдил дека разговорот се одржал.

Во Брисел сметаат дека овој состанок би можел да биде последниот обид на Ципрас некако сепак да постигне „политичко решение“ на проблемот околу финансирањето на Грција, во која што ситуацијата станува сé потешка со изминувањето на рокот до кој Атина нема да има пристап на пазарите на пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП