26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен оглас за странски експерти

Објавен оглас за странски експерти

oglas 000

Во сабота ќе биде објавен јавен повик кој ќе трае 45 дена, на кој ќе може да се пријават сите компании, независно од секторот во кој функционираат, кои имаат потреба од ангажирање на странски експерт во нивната компанија.

Со оглед на позитивните искуства на компаниите кои веќе имале странски експерт, Владата објавува нов конкурс, а на него ќе може да аплицираат компании кои постојат најмалку две години, имаат најмалку пет а најмногу 250 вработени, имаат најмалку 51 отсто учество на домашен капитал.

Компаниите кои имаат потреба од странски експерт, треба да ја наведат конкретната потреба за ангажман на експертот, односно делот од производствениот или организациониот процес за кој е потребна експертиза и предметот на експертиза.

Избраните експерти, со цел да направат анализа и придонес во работењето, во период од 7 до 21 ден ќе престојуваат во домашната компанија и ќе дадат свои совети и мислења во насока на подобрување на работењето на компанијата.

„Имајќи ги предвид позитивните искуства од првиот циклус, сметаме дека и во рамки на вториот циклус ќе се продолжи со подобрување на деловниот перформанс на компаниите кои ќе бидат дел од проектот. Апелираме компаниите кои имаат интерес за овој проект да се пријават преку електронската апликација на владината интернет страница или со достава на поднесок во владината архива, и на тој начин да добијат можност низ една експертска помош да ги подобрат своите деловни перформанси, да обезбедат раст на своето претпријатие, поголема профитабилност, освојување на нови пазари и отворање на нови работни места“, рече портпаротлот на Влада, Александар Ѓорѓиев.

Во текот на 2014 година Владата почна со реализација на проектот преку кој беа ангажирани странски експерти за потребите на домашните компании. Во рамките на првиот циклус од овој проект потреба за странски експерт пријавија 98 компании за реализација на вкупно 105 мисии во компаниите.

Во најголем дел, односно 46 отсто од странските експерти беа ангажирани во компании кои се од областа на производството на производи за широка потрошувачка, 11 отсто партиципираа во компании од услужната дејност, а 8 отсто во компании од областа на технологијата.

„Ефектите од овој проект се навистина позитивни. 45 отсто од компаниите истакнаа дека  странскиот експерт помогнал во подобрување на производствениот или услужниот процес на претпријатието, 45  отсто истакнале дека имале придобивки во делот на маркетингот, а 10 отсто во делот на процесите на анализа и планирање на дејноста.

Над 80 отсто од компаниите истакнаа дека повторно би ангажирале странски експерт.

„Она што е најбитно за нас како Влада е дека над 85 отсто од компаниите каде што престојувал странскиот експерт истакнале дека како резултат на неговата експертиза и подобрувањето на деловниот перформанс од таа експертиза отвориле или се во процес на отворање на нови работни места“, додаде Ѓорѓиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП