3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија побара од Украина да го плати долгот за гас

Русија побара од Украина да го плати долгот за гас

Czech Republic Gas Storage

Русија во петок упати нов ултиматум до Украина соопштувајќи дека ќе го прекине снабдувањето со гас ако Киев до понеделник не уплати аванс.

„Ако Гаспром не ги добие парите до крајот на понеделник, ќе имаме ситуација во која снабдувањето со гас би можело да биде прекинато во вторник“, рече рускиот министер за енергетика Александер Новак.

Тој додаде дека 15-те милиони долари што Украина ги плати на Гаспром во петок ќе траат само еден ден“, пренесе новинската агенција Интерфакс.

Министерот, исто така, нагласи дека снабдувањето на другите европски земји не е загрозено. Гаспром претходно соопшти дека гасниот спор со Украина претставува ризик за испорака на гас на Европа.

Новак и неговиот украински колега Володимир Демчишин би требало да разговараат, со посредство на ЕУ, во врска со овој проблем во понеделник во Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП