3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата и натаму е близу 59 долари

Цената на нафтата и натаму е близу 59 долари

nafta kop

Цената на барел нафта се задржа во средата на светските берзи близу 59 долари за барел, поттикната од охрабрувачките податоци од кинескиот производствен сектор и со изјавата на саудискиот министер за нафта дека побарувачката на нафта расте и дека пазарите се мирни.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 58,56 долари, а на американскиот пазар со барелот се тргува по 30 центи пониска цена, од 48,98 долари.

Пазарите на средината на неделата ги поттикна податокот од кинескиот производствен сектор чии активности во февруари благо пораснале, судејќи според истражување на HSBC и Markit. Соодветниот индекс достигна во тековниот месец највисоко ниво за четири месеци, од 50,1 поен.

„Тоа е добра вест бидејќи значи потенцијалната побарувачка за нафта, но сметам дека на пазарот му е потребна постабилна и поконкретна побарувачка од Кина“, рече Јасуке Сета од компанијата Newedge Japan.

Истражувањето покажало и дека има најсилен пад на новите извозни нарачки во кинеската индустрија за последните 20 месеци.

Дополнителна поддршка на цената на нафтата пружи и изјавата на саудискиот министер за нафта за состојбата на пазарот. „Пазарите се смирија…побарувачката расте“, рече министерот Али ал-Наими, чија држава одигра клучна улога во промената на политика на OPEC во ноември, пренасочувајќи го тежиштето од креирањето на цените преку прилагодување на нивото на производство на борба за пазарен удел преку спуштање на цените на нафтата.

Фокусот сепак и натаму е насочен на прекумерната понуда, ограничувајќи го влијанието на залихите во САД во минатиот месец за 8,9 милиони барели, покажуваат пдоатоците од Американскиот нафтен институт (API).

Одвоено OPEC на својата интернет страница објави дека цената на референтна кошничка негова нафта изнесувала во вторникот 53,54 долари, што значи дека била над 55 центи пониска во споредба со претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП