2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAFP: Тежок пат за Грција по продолжувањето на спасувачката програма

AFP: Тежок пат за Грција по продолжувањето на спасувачката програма

grcija

Најтешката работа за новата грчка влада започнува во среда, откако земјата доби продолжување на спасувачката програма и вети дека ќе реализира амбициозни реформи и ќе се придржува кон финансиските обврски, коментира AFP.

Првите потешкотии за Грција доаѓаат со фактот што Парламентите од 19-члената еврозона, вклучувајќи ја и скептичната Германија, треба да го одобрат четиримесечното  продолжување.

Доколку тие го отфрлат договорот, грчката спасувачка програма во износ од 240 милијарди евра ќе истече во сабота. Ова може да предизвика банкрот, па дури и хаотично излегување на Грција од еврозоната, нешто што може да има непредвидливи последици.

Новата програма на Грција цели да се подобри ефикасноста во наплатата на даноците, справување со корупцијата и намалување на бирократијата.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе треба да ги омекне и предизборните ветувања за зголемување на минималната плата, преназначување на отпуштените државни службеници и ублажување на сиромаштијата во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП