3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата стабилна на 59 долари, се очекува натамошен раст на...

Цената на нафтата стабилна на 59 долари, се очекува натамошен раст на залихите во САД

nafta-nafta-svetot

Цената на нафтата се стабилизираше во вторникот на светските берзи околу 59 долари во очекување дека најновиот извештај од САД ќе покаже натамошно зголемување на залихите од ионака рекордните нивоа, потврдувајќи го прекумерното снабдување на пазарот.

На лондонската берза цената на барел нафта остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 59 долари. Позначителни промени во цената немаше ниту на американскиот пазар каде со барелот се тргува по цена од 49,3 долари.

Американскиот нафтен институт (API) во текот на дент ќе објави податоци за американските залихи, а американската влада во официјалните податоци ќе ги објави во среда. Аналитичарите опфатени во анкетата на Reuters прогнозираат дека извештаите ќе покажат дополнително зголемување на залихите во минатата недела, за четири милиони барели, на ново рекордно ниво.

„Снабдувањето е прекумерно“, вели Карстен Фрич, аналитичар во франкфуртски Commerzbank. „Очекуваме повторно силен раст на американските залихи на сирова нафта“, додаде.

Огромен пораст на домашното производство на нафта доведе до презаситеност на американскиот пазар. Состојбата дополнително ја влоши штрајкот во рафинериите, намалувајќи го производството за сирова нафта. Штрајкот трае веќе четири дена, а влијае на работењето на 12 рафинерии кои сочинуваат една петтина од националниот производствен капацитет.

Поддршка на цената им пружи извештајот во Financial Times од понеделникот во кој нигерискиот министер за нафта најавува дека неговата држава ќе побара вонредна седница на OPEC доколку цените и натаму паѓаат. Во вторникот, пак, неименуван претставник на Reuters рече дека немаат намера да се состанат пред јуни.

Во меѓувреме OPEC соопши дека референтната цена на барел кошничка негова нафта во понеделникот изнесувала 54,09 долари, што значи дека била за 2,46 долари помала во однос на крајот на минатата недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП