2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГазпром: Киев не ја платил траншата за рускиот гас, загрозено снабдувањето на...

Газпром: Киев не ја платил траншата за рускиот гас, загрозено снабдувањето на Европа

gazprom ukraina23

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ предупреди во вторникот дека постојат сериозни ризици за испораките на рускиот гас во Европа преку Украина, откако Киев не го платил порачаното количество од 2018 милиони кубни метри гас.

„Украина не ја уплати навреме новата претплата за гасот. На исплатените средства од „Нафтагаз“ на сметка на „Газпром“ се чека веќе два дена. Оттаму испораката на гас за Украина во обем од порачката на 114 милиони кубни метри гас е за само два дена што ќе доведе до целосен прекин на дотурот на руски гас за Украина, што создава сериозни ризици за транзитот на гасот во Европа“, изјави за новинарите челниот на руската компанија, Алексеј Милер, пренесува агенцијата ТАСС.

Русија го задоволува околу 30 отсто од европските потреби за гас, а најмалку половина од тоа количество се доставува преку Украина. Снабдувањето на Европа со рускиот природен гас во минатото беа загрозени со двете т.н. „гасни војни“ во 2006-та и 2009-та година меѓу Киев и Москва поради украинското одбивање да ги прифати цените и руското обвинување за поткраднување на гасот наменет за европските корисници вклучително и најновата украинска криза од 2014-та.

Претходно во понеделникот националната енергетска компанија „Нафтогаз Украина“ издаде соопштение во коешто тврди дека руската страна го прекршила договорот од Брисел, неисполнувајќи ја испораката на порачката за гас за Украина. Од компанијата соопштија дека се обратиле до руски „Газпром“ со барање да се објасни за неисполнување на порачката за 22-ри февруари на однапред платеното количество.

„Наместо порачаните со договорот 114 милиони кубни метри гас „Газпром“ достави само 47 милиони кубни метри“, изјави портпаролката на „Нефтогаз“, Алена Осмоловска, пренесе украинската агенција УНИАН. Појасни дека компанијата побарала доставување на 114 кубни метри гас преку неколку станици.

Според договорот за доставување на гасот, „Газпром“ бил обврзан да го испорача порачаното количество најдоцна два дена по приемот на барањето. Од 19-ти февруари „Нафтогаз“ извршил авансирано плаќање за 454 милиони кубни метри газ, а во понеделникот на 23-ти февруари биле платени испораките на 287 милиони кубни гас, истакнуваат од украинска компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП