8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов тежок пад на украинската гривна

Нов тежок пад на украинската гривна

grivna-ukrainska-grivana-pad

Украинската економија, која е тешко погодена од конфликтите и кризата која трае повеќе од една година, претрпе нов удар од падот на вредноста на валутата гривна.

Гривната во понеделникот се менуваше по курс за девет проценти помал во споредба со минатата недела.

Во текот на изминатата година украинската валута загуби околу 70 проценти од својата вредност.

Украинската централна банка соопшти дека исплатите во странски валута ќе бидат ограничени на 500.000 долари без кредитно писмо од странски банки со кое се потврдува покривањето на плаќањето, со цел да се избегне одлив на капиталот кој дополнително ќе ја ослаби гривната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП