26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗападот го победи Истокот, Вестбрук МВП на мечот

Западот го победи Истокот, Вестбрук МВП на мечот

RASEL-VESTBRUK-MVP

Во ноќта помеѓу неделата и понеделникот во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк се одигра Ол Стар натпреварот во НБА лигата.

Во одмерувањето на силите помеѓу најдобрите во Источната и Западната конференција победа забележа Западот (163:158).

Мечот во кошаркарскиот храм во Њујорк влезе во историјата бидејќи никогаш досега на еден Ол Стар меч не биле постигнати 312 поени. Во историјата влезе и бекот на Оклахома Расел Вестбрук кој постигна најголем број на поени во едно полувреме (27), а мечот го заврши со 41 поени и заслужено ја понесе МВП титулата.

Вестбрук остана на еден поен од апсолутниот рекорд на Вилт Чемберлен кој во далечната 1962 година постигнал 42 поени.

Покрај Вестбрук во тимот на Западот се истакнаа уште и Џејмс Харден (29 поени, 8 скока, 8 асистенции), Ламаркус Олдриџ (18 поени) и Крис Пол (12 поени, 15 асистенции).

Истокот го предводеше Леброн Џејмс со 30 поени, Кајл Корвер постигна 21, Џон Вол 19, а Кармело Ентони и Џеф Тиг уфрлија по 14 поени.

Очекувано Ол Стар мечот го следеа многу познати личности од светот на политиката и шуо бизнисот. Меѓу гледачите во „Медисон Сквер Гарден“ беа поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, боксерот Флојд Мејвејдер Јуниор, Кристина Агилера, Џеј Зи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП