2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродолжува 130 години долгата традиција на закројување на лозјата во „Тиквеш“

Продолжува 130 години долгата традиција на закројување на лозјата во „Тиквеш“

add

Со закројување на лозјата, винарската визба „Тиквеш“ ја продолжи традицијата која во најголемата македонска винарница трае веќе 130 години.

Чинот на закројување во чест на Св. Трифун, заштитникот на лозарите и винарите, го извршија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, претседателот на управниот одбор Светозар Јаневски и генералниот директор Игор Илиевски, во присуство на вработени во винарницата, нејзини партнери – лозари и гости.

ass

„Закројувањето на лозјата е многу повеќе од традиција. Тоа ја покажува посветеноста и желбата на лозарите и винарите да произведат квалитетно грозје и врвни вина. Министерството за земјоделство и во иднина ќе продолжи интензивно да ги поддржува во тоа, со цел македонската винска индустрија да може да го искористи својот голем потенцијал со што треба да се обезбеди поголем пробив на македонското висококвалитетно вино на светските пазари“, изјави министерот Цветков.

Повеќе од една деценија ВВ „Тиквеш“ интензивно работи на реализацијата на стратегијата која го фаворизира квалитетот наспроти квантитетот во производството на вино. Во реализацијата на ваквата стратегија досега се инвестирани над 30 милиони евра. Овие средства се вложени во сите клучни сегменти кои овозможуваат производство и пласман на висококвалитетно вино во шишиња, вклучувајќи го и производството на грозје преку примена на најсовремени агро-технички мерки со кои се обезбедува висок квалитет на грозјето.

add

За винарската визба „Тиквеш“ годинешното одбележување на Св. Трифун има и дополнително значење. Годинава „Тиквеш“ прославува 130 години постоење, јубилеј што го отсликува богатото наследство во производството на вино со исклучителен квалитет. Бидејќи квалитетното вино се создава уште на лозовите насади, токму закројувањето на лозјата е првиот чекор кој го означува новиот циклус на производство на врвно вино. Со гордост можам да кажам дека нашите вина достојно ја промовираат винската индустрија на Македонија во светот и верувам дека и оваа винска година ќе биде успешна и ќе го продолжиме овој тренд“, изјави Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“.

arr

Паралелно со инвестициите во сопствените лозови насади, кои овозможуваат комплетна контрола врз квалитетот на грозјето и производство на уникатни врвни вина, ВВ „Тиквеш“, со голема упорност и енергија, преку едукација и соработка, гради долгорочни односи со лозарите, создавајќи партнери во долгорочниот заеднички успех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП