3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ загуби 21 милијарда евра поради санкциите на Русија

ЕУ загуби 21 милијарда евра поради санкциите на Русија

eu-russia-ru-eu

Европската унија претрпе штета во вид на изгубен извоз од 21 милијарда евра поради санкциите кои ги воведе Русија поради кризата во Украина, изјави шпанскиот министер за надворешни работи, Хосе Мануел Гарсија, кој вчера се состана со европските колеги во Брисел за да разговараат за понатамошните мерки.

„Санкциите скапо не чинеа, а ЕУ досега загуби 21 милијарда евра. Во Шпанија, најтешки последици претрпе секторот за земјоделство и туризам“, изјави шпанскиот министер, пренесува агенцијата Франс прес.

Членките на Европската унија остро се разликуваат во однос на прашањето за строгите економски санкции кои Унијата постепено ги воведува кон Русија од јули минатата година, при што, некои членки се уплашени за трговските односи со Москва, оценува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП