1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква ќе ја разгледа можноста за проширување на финансиската помош за Атина

Москва ќе ја разгледа можноста за проширување на финансиската помош за Атина

russia-ideal-partner-greece-crisis.si

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави во четвртокот дека Москва ќе ја разгледа можноста за проширување на финансиската помош за Грција, доколку Атина упати такво барање.

„Доколку слично барање биде упатено до руската Влада, ние ќе го разгледаме, но треба да ги земеме во предвид сите билатерални односи на Русија и Грција“, истакна Силуанов.

Во изминатите неколку денови пораснаа шпекулациите дека Владата на новиот грчки премиер Алексис Ципрас е во спор со остатокот од Европа поради санкциите за Русија и дека, можеби, ќе и се приближи на Москва додека се обидува повторно да преговара за добиената финансиска помош.

Ситуацијата доби на сила по коментарите на министерот за енергетика Панаѓотис Лафазанис, кој изјави дека Атина била против санкциите и дека нема недоразбирања со Русија.

Ципрас се сретна со рускиот амбасадор во Атина во понеделникот, истиот ден кога ја положи свечената заклетва како премиер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП