26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДавид Луиз го менува Пепе!?

Давид Луиз го менува Пепе!?

SSC Napoli v Paris Saint-Germain FC - Preseason Friendly

Европскиот првак Реал Мадрид е подготвен да издвои сума од 60 милиони евра за да го реализира трансферот на бразилскиот дефанзивец од ПСЖ, Давид Луиз, тврди францускиот весник „Le Parisien“.

Според истиот извор, тренерот на Реал, Карло Анчелоти го означил Давид Луиз како замена за 31-годишниот Пепе. Доколку трансферот биде реализиран, тоа значи дека Рафаел Варан би можело да се пресели во Челзи.

Давид Луиз со доаѓањето во Мадрид би го соборил сопствениот трансфер рекорд, бидејќи изминатото лето ПСЖ на Челзи му плати 50 милиони евра. Оваа сума е најголема што некој клуб ја платил за еден одбранбен фудбалер.

Луиз оваа сезона за ПСЖ има одиграно 23 натпревари и беше стрелец на два гола.

Во досегашната своја кариера Бразилецот беше вклучен во два големи трансфери. По доаѓањето во Бенфика од Виторија за 1,5 милиони евра, Челзи за него плати 25 милиони евра, а потоа „сините“ го продадоа за двојно поголема сума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП