8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСИРИЗА ќе се откаже од мерките за штедење ако победи на изборите

СИРИЗА ќе се откаже од мерките за штедење ако победи на изборите

siriza-grcija54534

Главната грчка опозициска партија СИРИЗА во случај на победа на парламентарните избори на 25 јануари ќе се откаже од мерките за штедење во корист на сопствената програма за враќање на државниот долг, изјави лидерот на партијата Алексис Ципрас во интервју за локалната телевизија „Антена“, јави ТАСС.

Строгите мерки за штедење не потекнуваат од основачкиот договор на ЕУ, изјави лидерот на СИРИЗА. Затоа ние сметаме дека е потребно развивање на сопствена програма за постигнување на балансиран буџет, истакна Ципрас.

Ципрас, исто така, нагласи дека Грција ќе ги исполнува обврските преземени со договорот за основање на Европската унија. ­ Ние ги почитуваме нашите институционални обврски во рамките на ЕУ, нагласи тој.

Според Ципрас, во случај на победа на изборите СИРИЗА ќе почне суштински преговори со доверителите на државниот долг, што моментално изнесува 322 милијарди евра.

Лидерот на левите радикали изрази увереност во победата на својата партија на претстојните избори. За СИРИЗА прашањето не е дали ќе победи на изборите, туку во тоа дали ќе има апсолутно мнозинство во новиот парламент, изјави лидерот на опозицијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП