7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИИмате можност да пресметате колку време досега сте потрошиле на Facebook

Имате можност да пресметате колку време досега сте потрошиле на Facebook

Excited facebook girl

Најпопуларната друштвена мрежа на светот наскоро ќе го слави својот десетти роденден. Марк Цукерберг ја создаде на 4-ти февруари 2004-та со неколку колеги во својата студентска соба.

Oд „TheFacebook“ кој требало да биде мрежа за поврзување на студентите, настана „Facebook“, социјална мрежа со повеќе од 1.3 милијарди корисници.

Поради тоа што тие од повеќе од милијарда корисници во 10 години, објавиле милијарди статуси, фотографии и видеа, играле стотици илјади игри и кликнале којзнае колку „лајкови“, „Time“ се сети и направи апликација со која може да пресметате колку недели, месеци или години сте потрошиле на „Facebook“.

Сепак, не се грижете ако резултатот ви покаже дека на „Facebook“ сте поминале половина година или дури повеќе, истражувањата покажуваат дека „губењето“ време на оваа мрежа е добро за кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП