5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Сините“ понудија 20 милиони фунти за Ројс

„Сините“ понудија 20 милиони фунти за Ројс

rojso3

Марко Ројс е еден од најбараните играчи во Европа во јануарскиот преоден рок.

Германскиот репрезентативец се уште е во Борусија Дортмунд, но се поизвесно е дека тој ќе ги напушти „милионерите“, бидејќи е мета на голем број европски гиганти.

Најсериозен интерес кон Ројс покажаа Реал Мадрид и Челзи, а како што пишуваат медиумите од Островот, „сините“ се подготвени да испратат понуда на адреса на германскиот прволигаш.

Според информациите раководството на Челзи е подготвено на Борусија да и понуди 20 милиони фунти за услугите на Ројс и тој би требало да биде замена на сонародникот Шурле на „Стемфорд Бриџ“.

Сепак, останува да се види каква ќе биде реакцијата на првите луѓе на „милионерите“, но секако и на Реал Мадрид, кој исто така покажа сериозен интерес кон Ројс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП