26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Повеќе пракса за студентите за полесно да се вработуваат

ССК: Повеќе пракса за студентите за полесно да се вработуваат

sojuz stopanski komori MK1

Компаниите бараат во високото образование покрај теоријата да се воведе и пракса, односно студентите да се стекнат со поголеми практични искуства за да може полесно да се снаоѓаат при вработувањето.

Ова го предлагаат бидејќи се соочуваат со недостиг на квалификуван високообразовен кадар кој за релативно кратко време може да се вклучи во работата на компанијата.

„Многу често компаниите се соочуваат со дополнителен трошок за доедукација на кадарот кој планираат да го вработат, а сметаме дека тоа треба да биде задача на образовниот систем. Така квалификуваниот кадар со адекватно знаење и вештини ќебиде поконкурентен на пазарот на труд, побрзо ќенајде работа, повеќе ќе биде платен, а работодавачот ќе биде поттикнат дополнително да го мотивира за да го задржи во својата компанија“, изјави денеска извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов.

Тој додаде дека како компании се подготвени да дадат свој придонес во практичниот дел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП